За нас

Кнотакт Центар

За нас

1991         Идејата за формирање на  фирмата Елеkтроелемент е од нејзиниот творец Стојмир Јошевски, електроинженер, познат бизнисмен и општествен работник.  Од самиот старт фирмата се занимава со монтирање на стански табли и продажба на кабел. Фирмата била стационирана во фамилијарната куќа на Јошевски, што на одреден начин и потврдува дека ова е семеен бизнис. Во почетокот биле само тројца вработени.

1993        Фирмата го проширува своето делување  и го зголемува својот асортиман со мерна и склопна техника.

1995        Електроелемент го менува своето седиште  и се преселува во дел од комплексот на Тутунски комбинат Скопје (крај Стара рампа) и ја збогатува својата целокупна дејност и бројот на вработените во тој момент изнесува 11 лица.

1996        Во својата понуда веќе познатата компанија на пазарот во Македонија го воведува асортиманот на осветлување и извори на светлина, како и комплетна палета на производи во сегментот резервни делови за апарати за домаќинство.

2000        Компанијата веќе брои 42 вработени и има комплетен асортиман на електроматеријали, кабли, проводници и лак жица, кабелски прибор,опрема, перна и склопна техника за висок и низок напон, програма за професионално и декоративно осветлување и комплетна понуда за јавно осветлување, како и резервни делови за апарати за домаќинството, како и индустријата.

2001        Комплетна реорганизација и преструктуирање на компанијата. Формирање на транспортен центар за испорака на стока  до секоја дестинација  и секој субјект во Македонија и бележи први резултати од извоз на стока надвор од државава.

2001        Се основа Електроелемент Србија со седиште во Нови Сад

2003        Комплетна реорганизација и преструктуирање на компанијата. Формирање на транспортен центар за испорака на стока  до секоја дестинација  и секој субјект во Македонија и бележи први резултати од извоз на стока надвор од државава.

2004        Се врши купување на сто проценти од акциите на АД Електрометал. Целта на купувањето е ширење во другите сектори кои чинат целина во асортимантската понуда во градежништвото, како што се:

    1. Црна и обоена металургија,
    2. Хемија и хемиски производи,
    3. Водовод и греење,
    4. Санитарија и керамика,
    5. Бела и црна техника.

2010        Електроелемент станува втор најголем партнер во земјите на Источна Европа на HYUNDAI корпорацијата за следниве земји од регионот: Македонија, Србија со Косово, Црна Гора, Албанија, Хрватска и Босна и Херцеговина


Mисија

Основната мисија на Електроелемент е континуирано, во кратки временски рокови, со потребни материјали да ги снабдува  трговските фирми, индустријата, градежништвото, електростопанството, електромонтажата, јавните и комунални компании, а во исто време да нуди целосна стручна и техничка поддршка.

Точно две децении Електроелемент е компанија која поставува високи стандарди  во повеќе индустриски гранки и се имплементира на свој начин во економските структури на Република Македонија и пошироко.
Електроелемент е водечка компанија во набавката на електроматеријали, лидер во големопродажбата, трговец со најширока палета на производи на ова поле кај нас и пошироко.

Со цел комплетно делување во понуда на Електроелемент се резервни делови за електричните апарати, како и понуда на рачен и електричен алат и прибор. Солидни постигнувања има и во секторите железарија и хемија, како и црна и обоена металургија.

За Електроелемент нема тајни и во доменот на водовод, санитарии и керамика,а како најмлад сегмент е понудата на ХТЗ опрема од мошне реномиран светски добавувач.

Електроелемент поседува најголема инфраструктура и материјални ресурси во дејноста. Располага со современ деловен и магацински простор, средства за манипулација и брза испорака на стоката, а во плановите е инвестирање и во нови објекти кои како и досегашните ќе располагаат  со стручен и добро екипиран кадар, чија примарност е и ќе биде тимска работа и чиј императив е задоволството кај купувачите и во секој момент посветување внимание на потребите и на најспецифичните клиенти.
Како потврда за успехот на пазарот и фактот дека Електроелемент е едноставно партнер за 21 век се остварувањата во текот на двете децении на постоење. Електроелемент се пробиваше на пазарот во транзициони времиња и сепак оствари солидни постигнувања, што се секако извонредна гаранција за иднината.