Производство

Кнотакт Центар

 

Нисконапонски електрични ормари

Почитувани партнери,

Веќе неколку години, во рамките на Електроелемент успешно работи секторот Инженеринг, чија основна дејност е изработка на НН ормари. Изработуваме ормари според ваше барање или според наше предлог решение.

    Во зависност од намената, ги изработуваме следните типови на ормари:
  • Дистрибутивни НН ормари за примарен развод, и до 1600 А(ГРТ за трафостаници и сл.);
  • Мерни ормари(за броила и сл.),МРО;
  • Секакви разводни ормари(стандардни,модуларни, со маски и сл.);
  • Командни ормари(КРО);
  • Ормари за автоматска компензација на реактивна енергија;
  • Други типови, на ваше барање.

Соработуваме со реномирани брендови, како ETI, ABB, LEGRAND, РАДЕ КОНЧАР, за кои сме и официјални PANEL BUILDERI. Во делот на самите ормари, покрај наведените, соработуваме и со домашните реномирани производители - Семи, РК ТЕП и Металопромет.

За изработените ормари може да издадеме изведбена шема како и испитен лист, во согласност со европските норми. Поголемиот број на успешно завршени проекти го потврдуваат квалитетот на нашата изработка. Повелете и уверете се и самите.

grt

ДИСТРИБУТИВНИ НИСКОНАПОНСКИ ОРМАРИ (ГРТ)

Ормари за примарен или секундарен развод со различни типови на прекинувачи (до 1600А и повеќе), најразлични изводи и останати изведби.

grt

МЕРНИ ОРМАРИ (МРО)

Ормари за мерни броила применливи во станбени згради, индустриски мерења и други типови.

grt

РАЗВОДНИ ОРМАРИ

Најразлични типови на разводни ормари: класични, модуларни, сомаски и слично.

grt

КОМАНДНИ ОРМАРИ

Сите типови на командни ормари со најразлична примена.

grt

ОРМАРИ ЗА АВТОМАТСКА КОМПЕНЗАЦИЈА

Разновидни решенија за автоматска компензација на реактивна енергија: класична, со пригушници и слично.

grt

ДРУГИ ТИПОВИ НА ОРМАРИ

Изработка на ормари според техничка спецификација обезбедена од клиентот или според наше предлог решение.