Електроелемент ексклузивен импортер на HYUNDAI Electronics во Македонија и земјите од регионот
Доаѓањето на HYUNDAI Electronics на нашите простори претставува реализација на еден голем регионален проект. До потпишување на договорот со HYUNDAI Electronics и проширување на соработката помеѓу Електроелемент и корпорацијата HYUNDAI, се дојде после неколкумесечни преговори, во декември 2010.
Договорот за соработка, се однесува на продажба и дистрибуција на производи за домашна употреба (LCD и LED телевизори, бела техника и аудио/видео опрема) и осветлување со дефинирани планови за продажба за териториите на Македонија, Србија со Косово, Црна Гора, Албанија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
Помеѓу Електроелемент и HYUNDAI Electronics се гради цврста врска, базирана на стратешко партнерство во многу поширок обем и повеќе области.
Во однос на квалитетот и цената, HYUNDAI Electronics се позиционира исто како и останатите корејски брендови особено во делот на белата техника, а далеку над останатите локални и регионални трговски марки.


