

Услуги
Електроелемент ја остварува својата трговска дејност во следните области на работење:
Електротехнички материјали
Проводници, кабли, лак жица и кабловска опрема
Благодарение на јасната визија за развој и високо поставените стандарди, ЕЕС до денес е водечки дистрибутер на кабли и проводници во Македонија и пошироко.
Нашиот асортиман ги поседува следните кабли:
- инсталациони кабли и проводници,
- гумени кабли,
- силиконски кабли и проводници,
- енергетски кабли од 1-30 kv,
- неизолирано бакарно и AL-CЕ јаже,
- самоносиви кабелски снопови,
- телекомуникациони кабли,
- коаксијални кабли,
- командно - сигнални кабли,
- мрежни кабли и останати специјални типови на кабли.
Осветлување
Во својата богата понуда на пазарот кога е осветлувањето во прашање има многу широк асортиман кој е поделен во две групи:
- Професионално осветлување
Асортиманот опфаќа: Надворешни светилки, Индустриски светилки и Внатрешни светилки.
- Декоративно осветлување
Асортиманот опфаќа: Надворешни светилки, Внатрешни светилки и Новогодишни светилки.
Приклучна галантерија (бакелит)
Во овој сектор е застапен следниот асортиман: прекинувачи и приклучници, сите видови на механичка заштита и заштита од влага, комплетен прибор и резервни делови за сите типови на монтажа, индикатори за купатило, утикачи, продолжни кабли, моталици, грла, ѕвона и останата електрична програма.
Нисконапонска и високонапонска електро опрема
Електроелемент нуди ниско, средно и висока напонска опрема, како што се автоматски прекинувачи, патрони, ножести осигурачи, склопки, контактори, биметали, разни типови на релеи, високонапонски осигурачи, пренапонски и катодни одводници. Располага во секое време со високо квалитетни и потполни решенија за заштита на електричните инсталации во зградите.
Резервни делови за електрични апарати
Електроелемент располага со сопствен увоз на сите видови резервни делови за домашни апарати, работејќи увозно-извозни зделки со многу странски фирми.
Железарија
Еден од сегментите во кој Електроелемент бележи своевиден подем на македонскиот пазар е понудата на завртки - навртки, шајки, сврзувачки елементи, оков, брави, цилиндри, катанци, шилдови и кваки, електроди и материјали за заварување.
Рачен и електричен алат и прибор, заштита при работа
Во овој сектор на Електроелемент има широк асортиман на производи наменети за задоволување на потребите и барањата на следниве целни групи: машинска, електро, градежништво и останати индустриски групации во доменот на тековното и инвестиционо одржување.
Хемија
Електроелемент во својата програма за продажба покрај другите дејности работи и со програмата на бои и лакови, лепила, гипс и гипсени производи.
Водовод, санитарија и керамика
Поради фактот што Електроелемент е се поприсутен во градежништвото, еден од сегментите кој игра голема улога во работата на компанијата е водовод, санитарија и керамика.
Црна и обоена металургија
Во својата широка палета на производи во понудата се и елементи од црната и обоената металургија, односно цевки, профили лимови, градежно железо, жици, плетива и мрежи. Сите производи што се во понуда се со висок квалитет и исполнети се ISO стандардите.
БЕЛА И ЦРНА ТЕХНИКА И МАЛИ ЌУКНИ АПАРАТИ


